Сите пливачи „пуштаат“ во базен

Сигурно отсекогаш сте си го поставувале тоа прашање и конечно поранешната пливачка Карли Гир го има одговорот. Да, сите пливачи уринираат во базен.

Некој го поставил прашањето на друштвената мрежа Quora, а поранешната членка на националниот пливачки тим на САД, Карли Гир го удостои со искрен одговор.

Според неа, скоро 100% од пливачите мочаат во базен. Некои тоа си го признаваат, а некои не.

За време на пливање, најлесно е да „пуштите" додека пливате грбно. А најчесто пливачите уринираат пред трка. Адреналинот и притисокот пред натпреварување предизвикуваат потреба за уринирање.

Уринирањето за време на тренинг или загревање пред трка е нормална работа за пливачите.

Пливачите мора да прифатат дека пливаат во мочка", наведе Гир.

3 август 2012 - 09:39