Offside

Вечерва и утре вечер се играат првите натпревари од баражот за влез во Лига на шампиони, последно квалификациско скалило пред сонуваната елита. Реваншите се на 25-ти и 26-ти август.

Адвокат е закон

Голманот на руската репрезентација, Вјачеслав Малафеев смета дека клучот на успехот на овој состав во досегашниот тек на првенството, но и во изминатиов период е квалитетот на селекторот, Дик Адвокат, кој за негова жал по завршувањето на турнирот се сели во татковината и ќе го преземе ПСВ Ајндховен.

Затворски казни за хулиганите

Судот во Варшава по брза постапка изрече 14 пресуди за хулиганите кои беа уапсени за време на нередите низ улиците на полската престолнина. Најголемиот дел од пресудите се изречени за кршење на јавниот ред и мир и висината на затворските казни се движи во период од 12 месеци до три години.

Казна за среќните гаќи

Дисциплинската комисија на УЕФА, најави санкција за напаѓачот на данската репрезентација, Никлас Бендтнер, кој по постигнувањето на вториот гол против Португалија ги покажа гаќите на кои беше испишано името на една обложувалница.

Европската класика за Германија

Со триумфот од 2:1 против големиот ривал, Холандија, репрезентацијата на Германија стигна до втората победа на Европското првенство во Полска и Украина и успеа да се пласира во втората фаза од натпреварувањето. Холанѓаните уште еднаш потфрлија, но сепак и по овој неуспех се уште имаат надеж за продолжување на настапот, но потребни им се три бода во мечот со Португалија.

Двегодишен договор за Виланова

Раководството на Барселона потврди дека Тито Виланова, наследникот на трофејниот тренер, Жозеп Гвардиола на клупата на тимот од Ноу Камп ќе седи во следните две сезони.

Холандија лесно се чита

Поранешниот тренер на Шалке, Ралф Рагник смета дека основната причина за неуспесите на репрезентацијата на Холандија на Европското првенство во Полска и Украина е фактот што нејзината игра лесно се чита од противничките тренери, кои бргу го наоѓаат одговорот на тактичката замисла на селекторот, Берт ван Марвијк.

За кого навива Меркел?

Германската канцеларка, Ангела Меркел денеска на своето работно место се појави со портокалов костум и предизвика чудење во домашната јавност. Јасно дека никој не очекувал дека канцеларката на работа ќе дојде во дрес на националниот тим, но сигурно е дека најмалку се очекуваше дека таа ќе биде ги носи боите на противничкиот тим.

УЕФА ја казни Русија

Дисциплинската комисија на УЕФА за инцидентите пред натпреварот со Полска на Руската фудбалска асоцијација и изрече парична казна во висина од 120.000 евра, плус условна казна со одземање на шест бода во квалификациите за Евро 2016 доколку во следниве четири години се повтори сличен инцидент.

Дали можеше да се избегне инцидентот?

Пред дуелот од второто коло во А групата меѓу Полска и Русија, Варшава наликуваше на бојно поле. Стравувањата дека низ улиците на главниот град на Полска ќе се случуваат сериозни инциденти се реализираа и епилогот на низата физички пресметки е десетина повредени и 159 приведени навивачи од двете страни.

Факти за Европските првенства

Полска и Украина се домаќини на 14-тото Европско првенство во фудбал и пред неговото завршување ова натпреварување ќе влезе во историјата како последно на кое учествувале 16 селекции. Веќе за четири години во Франција на Евро 2016 во битката за титулата ќе бидат вклучени 24 национални тима.

Касано не е хомофоб

Напаѓачот на италијанската репрезентација, Антонио Касано, изрази жалење ако неговата изјава околу тоа дека се надева дека во националниот тим нема хомосексуалци е погрешно протолкувана и дека воопшто немал намера некого да навредува.

Надал остана без часовник

И покрај фактот што Рафаел Надал во понеделникот по седми пат се радуваше на триумф на Отвореното тениско првенство на Франција, престојот во француската престолнина нема да му остане во убав спомен.

Обрадовиќ го напушти Панатинаикос

По тринаесет години минати на клупата на Панатинаикос, еден од најтрофејните кошаркарски тренери во Европа, Жељко Обрадовиќ реши да не ја продолжи соработката со клубот од Атина.

Почина боксерската легенда Стивенсон

Легендарниот кубански боксер и еден од најдобрите на сите времиња, Теофило Стивенсон почина на шеесет годишна возраст од срцев удар. Стивенсон се вбројува меѓу легендите на боксот бидејќи во текот на својата кариера се закити со три златни медали на Олимписките игри, беше троен светски шампион, а на два пати беше најдобар на Пан Американските игри.

Пукна тиквата меѓу Швеѓаните

По поразот од Украина на стартот од Европското првенство, шведските репрезентативци имале жестока расправија во соблекувалната, а кавгата почнала уште во паузата меѓу двете полувремиња кога тешки зборови си размениле Златан Ибрахимовиќ и Маркус Розенберг.

Псст! Дадов гол

По завршувањето на натпреварот со Англија, францускиот репрезентативец, Самир Насри го објасни гестот што го направи при постигнувањето на израмнувачкиот погодок, кога со прстот покажа дека треба да се замолчи.

Судиите со поддршка за колегата

Арбитрите кои ќе ја делат правдата на финалните мечеви од разигрувањето за шампионската титула во НБА лигата меѓу Мајами и Оклахома во знак на поддршка на својот колега, Грег Вилард, кому му е дијагностициран рак на панкреасот на своите дресови ќе го носат бројот 57.

Блохин ги сонувал головите на Шева

Веднаш по натпреварот селекторот на украинската репрезентација, Олег Блохин изјави дека вечерта пред стартот на мечот сонувал дека Андреј Шевченко против Шведска ќе постигне два гола. Украинците имаа старт од соништата на првенството бидејќи на стадионот во Киев успеаа да забележа победа од 2:1 иако противникот на стартот од второто полувреме имаше водство.

Хоџсон горд на своите фудбалери

По ремито против Франција, англискиот селектор, Рој Хоџсон задоволен од епилогот на натпреварот, изјави дека е горд на своите фудбалери, кои успеале да освојат бод во дуел со еден од најталентираните тимови на Европското првенство. На спротивната страна, Лоран Блан смета дека на неговиот тим бил подобар противник и дека жали што Франција на крајот не ги освои трите бода.

Ван дер Варт разочаран од селекторот

Холандскиот репрезентативец, Рафаел ван дер Варт реши јавно да го искаже незадоволството од статусот во националниот тим и изборот на селекторот Берт ван Марвијк првиот натпревар на Европското првенство против Данска да го почне од клупата за резервни играчи.

Удри по теренот

Стрелецот на единствениот гол за Шпанија во дуелот против Италија, Сеск Фабрегас причината за просечната игра во првиот настап на Европското првенството е лошиот квалитет на теренот во Гдањск.

Кошаркарите заминаа за Литванија

Македонската кошаркарска репрезентација замина за Литванија каде ќе ги продолжи подготовките за настап на квалификациите за пласман на Олимписките игри во Лондон.

Дел Боске го брани изборот

Селекторот на репрезентацијата на Шпанија, Висенте дел Боске, веднаш одговори на критиките кои беа упатени на негова сметка, а се однесуваа на изборот на тактиката со која се спротивстави на првиот натпревар на Европското првенство против репрезентацијата на Италија.

Седма круна за Надал

Со победата во четири сета против Новак Ѓоковиќ, Рафал Надал по седми пат во кариерата триумфираше на Отвореното тениско првенство на Франција. Со овој триумф, шпанскиот тенисер влезе во историјата на Ролан Гарос надминувајќи го рекордот на Бјорн Борг, кој на земјените терени во француската престолнина шест пати го освојуваше трофејот.