Македонските ракометари беа подобри само на стартот од натпреварот кога водеа со 2:3, но потоа домаќините направија пресврт и со голема серија бргу поведоа со 11:4 на половината од првото полувреме.
Португалците успешно го затворија Кире Лазаров и ја одржуваа предноста која во 23-та минута изнесуваше +7 (15:8), а до полувремето нашите ракометари намалија на 18:13.
Во второто полувреме македонската репрезентација одиграа поангажирано и во неколку наврати намалија на -2, а неколку пати имаа и напад за намалување, но наместо да се доближат на еден гол тие го прокоцкуваа нападот, а Португалците го зголемуваа водството.
На крајот нашите целосно се опуштија и загубија со 32:25.
Најефикасен во редовите на македонската репрезентација беше Кире Лазаров со девет голови, а Манасков постигна шест.