Швајцарската опсерваторија која постои од 2005-та година ги студираше петте најсилни лиги во Европа преку анализа на демографскиот профил на играчи и нивните настапи на индивидуално и тимско ниво.
Трите фактори се:
Селекција на играчи
Што помалку фудбалери, толку подобро. Ниту еден од петте шампиони за сезоната 2011/12 во најсилните лиги во Европа не ги користел услугите на повеќе од 25 различни фудбалери цела сезона. За Реал Мадрид и Јувентус играле 25 различни фудбалери, за Дортмунд 23, а за финалистот во Лигата на шампиони, екипата на Баерн Минхен играле само 21 фудбалер цела сезона.
Просечна старост и искуство
Што помладо, толку подобро. Сите шампиони имале помлади тимови од вице-шампионите. Најмлад шампион е Борусија Дортмунд со просечна старост од 24,5 години, а најстар е Јувентус со 28 години.
Стабилност на тимот
Што помалку трансфери, тоа подобро. Најдобрите тимови секогаш играат со фудбалери со поголем стаж во тимот. Со исклучок на Јувентус, сите шампиони играле со во просек само по еден нов фудбалер кој му пристапил на тимот таа сезона. Во тимот на францускиот вицешампион ПСЖ во просек на секој натпревар имало по шест нови фудбалери.