Реал Мадрид ја совлада Сарагоса со 4:0, а Мурињо ја прослави 100-та победа со кралскиот клуб. Домаќините поведоа во 23-та минута со голот на Игуаин, а по две минути Ди Мариа го зголеми водството. Победата ја потврдија Есиен во 89-та и Лука Модриќ со неговиот прв гол во дресот на Реал Мадрид во последната минута од натпреварот.
Барселона го скрши отпорот на Селта по 20 минути игра со голот на Адриано, но по само три минути гостите израмнија преку Бермехо. Сепак славјето на Селта траеше само две минути откако Давид Виља ја врати Барселона во водство. Конечниот резултат го постави Жорди Алба во 61-та минута.