Најголемото дерби во Италија започна одлично за домаќините откако Јувентус поведе по само 18 секунди игра со голот на Артуро Видал, но по уште една судиска грешка. Асистентот на голот, Асамоа беше во очигледна офсајд ситуација, но судиите тоа не го видоа.
За разлика од оваа ситуација, по 12 минути игра судиите го видоа офајдот на Интер и оправдано го поништија голот на Паласио.
Во второто полувреме фудбалерите на Интер засилија со нападите, а одбраната на Јувентус не издржа. Маркизио го собори Милито во шеснаесетникот, а Аргентинецот израмни од белата точка во 59-та минута. По петнаесетина минути Интер направи целосен пресврт со вториот гол на Милито, а во последната минута Паласио го докрајчи Јувентус и го постави конечниот резултат.
На отворањетоа на 11-то коло, Милан го одигра најдобриот натпревар оваа сезона и го совлада Киево со 5:1.
СЕРИЈА А – 11. коло
сабота:
Милан – Киево 5:1 (3:1)
Емануелсон 16, Монтоливо 36, Кркиќ 41, Ел Шарави 75, Пацини 90+3 – Пелисие 18
Јувентус – Интер 1:3 (1:0)
Видал 1 – Милито 59пен, 75, Паласио 89
недела:
12.30: Пескара – Парма
15.00: Болоња – Удинезе
15.00: Катанија – Лацио
15.00: Фиорентина – Каљари
15.00: Наполи – Торино
15.00: Сампдорија – Аталанта
15.00: Сиена – Џенова
20.45: Рома - Палермо