Фудбалска поддршка за Movember

Денес е првиот ден од месецот на мустаклиите. И ние се приклучуваме со поддршката за акцијата, а за да ве инспирираме и вие да ги пуштите, еве ги дел од најдобрите мустаќи во фудбалот.

Movember (или по нашки Муември) е едномесечна акција за подигнување на свесноста за ракот на простатата и други здравствени и психички проблеми на мажите, за кои тие - бидејќи се големи фраери - обично молчат. Солидарноста со оваа акција се покажува со едномесечно растење мустаќ, во облик и должина која ќе ја одберете. Притоа полот на растачот не е стриктно одреден. Битна е добрата намера“, вели Букбокс и ние даваме поддршка, освен на оној делот со полот.

Во последниве години многу фудбалери, а и цели тимови пуштаат бркови само овој месец, но за некои фудбалери и тренери тие се постојан дел од имиџот. Се надеваме дека ќе ве мотивираме да ја поддржите акцијата откако ќе се присетите на дел од најдобрите фудбалски бркови.

Васил Рингов

Рене Игита

Руд Гулит

Дејвид Симан

Карлос Валдерама

Франк Рајкард

Роже Мила

Џузепе Бергоми

Јан Раш

Руди Фелер

 

1 ноември 2012 - 11:48