Пред само три дена Манчестер Јунајтед го победи Челси со 2:3 на натпревар со два црвени картони и пет гола од кои еден автогол и еден нерегуларен, а денес овие две екипи се сретнаа во осминафиналето од Лига купот и повторно одиграа натпревар за паметење.
Челси беше на прагот на нов пораз затоа што Манчестер три пати беше во водство, но со гол во 95-та минута се изборија за продолженија и на крајот победија со 5:4.
Гигс, Чичарито и Нани го доведуваа Јунајтед во водство, но израмнуваа Луиз од пенал, Кејхил и Азар од пенал во судиското продолжение.
Во првото продолжение Челси дојде во водство со голот на Стариџ, а во 116-та минута Рамирес зголеми на 5:3. Рајан Гигс од пенал само намали во последната минута.