Второлигашки голман - херој на мексичка драма

Мексиканската драма во финалето на националниот куп ја реши Алфредо Фраусто со два клучки погодоци. Но оваа приказна да биде фудбалска бајка ја прави фактот што тој е само голман на второлигашка екипа.

Малиот второлигашки клуб Дорадос од Мексико го освои националниот куп, а херој на вечерта беше нивниот голман кој постигна израмнувачки гол во 91-та минута, а потоа го реализираше и одлучувачкиот пенал.

Уште пред почетокот на финалето на мексиканскиот куп беше познато дека трофејот ќе му припадне на второлигашки клуб затоа што во финалето Дорадос се сретна со Корекаминос УАТ, два клуба од Асенсо лигата, втора по ранг лига во Мексико.

Фудбалерите на Корекаминос веќе се подготвуваа за подигнување на трофејот затоа што имаа водство од 2:1 и два фудбалери повеќе, но тогаш на сцена стапи голманот на Дорадос, Алфредо Фраусто.

Во 91-та минута тој го постигна израмнувачкиот погодок по што победникот требаше да биде решен по изведување на пенали, а истио човек го реализираше и решавачкиот удар од белата точка во последната пенал серија.

Голманот херој му го донесе првиот голем трофеј на малиот клуб кој е оформен пред само девет години.

1 ноември 2012 - 09:40