Челси му го препушти врвот на Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед славеше против Арсенал и го искористи киксот на Челси против Свонси, па по 10 одиграни кола го запоседна врвот во англиската Премиер лига.

„Ко че коме ако не свој своме" би рекле Србите за првиот погодок на натпреварот помеѓу Манчестер Јунајтед и Арсенал. Робин ван Перси уште во третата минута го искористи киксот и постигна гол против екипата чиј капитен беше до пред почетокот на оваа сезона.

Домаќините беа доминантни на овој натпревар, но освен Ван Перси, својата шанса ја искористи само уште и Евра. Претходно, Вејн Руни не успеа да го реализира ударот од белата точка.

Арсенал се до пред крајот на натпреварот немаше шут во рамките на голот, а во 92-та минута Санти Казорла само успеа да го ублажи поразот.

Ова беше 216-ти дуел помеѓу Манчестер Јунајтед и Арсенал, а домаќините ја забележаа 91-та победа, 46 натпревари завршиле без победник, а Арсенал триумфирал на 78.

Актуелниот европски шампион можеше да си ја врати лидерската позиција, но освои само ремизираше на тешкото гостување на Свонси. Поведоа гостите со голот на Мозес, но Свонси го освои заслужениот бод со голот на Ернандез во 88-та минута.

Премиер Лига, 10. коло:

сабота:
Манчестер Јунајтед - Арсенал 2:1 (1:0)
Ван Перси 3, Евра 67 - Казорла 90+5

Свонси - Челси 1:1 (0:0)
Ернандез 88 - Мозес 61

Тотенхем - Виган 0:1 (0:0)
Вотсон 56

Фулам - Евертон 2:2 (1:0)
Хауард 7аг, Сидвел 90 - Фелаини 55,72

Норич - Стоук 1:0 (1:0)
Џонсон 44

Сандерленд - Астон Вила 0:1 (0:1)
Агбонлахор 57

Вест Хем - Манчестер Сити

недела:
14:30 КПР - Ридинг
17:00 Ливерпул - Њукасл

понеделник:
21:00 ВБА - Саутемптон

3 ноември 2012 - 18:57