Детето за кое пишуваме е Давид Ферер. Шпанецот започнал да тренира тенис на 13 години, но во тинејџерските денови имал проблеми со мотивација за време на тренинзи.
Неговиот фрустриран тренер решава да му одржи лекција и го затворил во двометарски шкаф за чување на топчиња. Ферер молел да го пуштат надвор, но добил само парче леб и малку вода. По неколку часа неговиот тренер го ослободил, а Ферер си заминал дома и решил да се откаже од играње тенис.
Тинејџерот го заменил тенисот со работа на градилиште, но по неколку недели решава да му се врати на тенисот.
Денес, Јавиер Пилес му е се уште тренер, а Ферер го смета за втор татко. „Малиот ѕвер" како што го нарекуваат на тениските терени прерасна во врвен тенисер кој освои 18 титули во неговата кариера и се наоѓа на 5-та позиција на АТП ранг листата.