Offside

Вечерва и утре вечер се играат првите натпревари од баражот за влез во Лига на шампиони, последно квалификациско скалило пред сонуваната елита. Реваншите се на 25-ти и 26-ти август.

Лудиот свет на маскотите

Спортските настани се секогаш поинтересни кога тимовите имаат вакви луди маскоти.

Шкендија се продаде за два у кец?

Полупрофесионалците од Северна Ирска немаа победа во европско натпреварување цели 38 години, се додека не се паднаа со македонски клуб. Задоволни лица на сите страни. Некој се пласираше во следната фаза, а некој си фати во кладилница.

Дрогба најдобар стрелец на 21. век

Според податоците на Меѓунардониот институт за фудбалска историја и статистика (ИФФХС), напаѓачот од Брегот на Слоновата Коска, Дидие Дрогба е најдобар стрелец на меѓународни натпреварувања во 21. век. Нема Македонец помеѓу најдобрите 110 стрелци во светот.

Прерано славје

Мотоциклистот Рикардо Русо се помеша со броењето на круговите и прерано почна да ја прославува победата, па на крајот заврши на 14-та позиција на трката во Италија.

Арапите го отпуштија Марадона

Диего Армандо Марадона издржа 436 дена на клупата на клубот Ал Васл од Обединетите Арапски Емирати. Или пак може слободно да се каже дека Арапите успеаја да го издржат Марадона 436 дена. Тој оствари само 7 победи, 5 нерешени и 10 порази, но направи многу будалаштини. Еве мал дел од нив.

Поздрав од Норвешка

Фудбалерите на третолигашот Мјелнер од Норвешка ја прочитаа статијата на нашата колешка од Букбокс, па пратија специјален поздрав за дополнување на нејзината колекција.

Златен медал од сребро

Спортистите кои ќе завршат на првото и на второто место на Олимписките игри во Лондон ова лето ќе добиваат исти сребрени медали, со тоа што едниот само ќе биде офарбан со златна боја.

Крвав Тур де Франс

219 велосипедисти ја започнаа трката оваа година, 10% од нив веќе настрадаа во некоја од неколкуте несреќи по девет извозени етапи.

Куба е најуспешна Олимписка земја

САД има освоено убедливо најмногу медали, но со пресметување на коефициент според бројот на медали, бројот на жители, БДП и животен век на населението, најуспешна држава на Олимписките игри е Куба. САД ги нема ниту во Топ 10, а на четврто место се Бугарите.

Кладилниците го селат Ван Перси во Манчестер Сити

Веднаш штом Робин ван Перси објави дека нема да го продолжи договорот со Арсенал, кладилниците ги објавија своите коефициенти според кои најголеми се шансите тој да ги следи стапките на повеќе свои колеги и да се пресели во Манчестер Сити.

Федерер најдобар и по заработка

Освен што го освои најпрестижниот Гренд Слем турнир во Вимблдон и се врати на врвот на АТП листата, Швајцарецот Роџер Федерер го претекна Ѓоковиќ и по заработката од тениските турнири.

Смотан камерман

Руски камерман го украде шоуто на натпреварот на кој Енисеј Краснојарск го победи Шиник Јарославл со 2:1. Смотаниот камерман се сопна и падна за време на интонирањето на химните, а сеир му фатија и фудбалерите. Кутриот камерман мораше да биде изнесен на носилки.

Милан веќе не е пензионерски тим

18-кратниот шампион на Италија ќе игра со најмладиот состав во последните 10 години. Просечната старост на екипата на Милан која важеше за „тим на пензионери" оваа сезона ќе биде 27,18 години.

Го снема!

Руски репортер си ја научи лекцијата и следниот пат емисијата ќе си ја снима од студио.

Започна судењето на Џон Тери

Денес започна судењето на капитенот на Челси за навредите на расна основа кон Ентон Фердинанд. Доколку биде осуден за виновен, максимална казна која може да ја добие е 2.500 фунти, што со неговата заработувачка ќе ја исплати за 2 часа и 35 минути.

Мотивација за победа

Осмата етапа на Тур де Франс му припадна на најмладиот велосипедист Тибо Пино кој ги изненади фаворитите и до победата стигна благодарение на мотивацијата од директорот на тимот, Марк Мадиот.

Ѓоковиќ го предаде врвот по 53 недели

Со освојувањето на Вимблдон, Швајцарецот Роџер Федерер по пауза од две години се врати на врвот на АТП листата каде Новак Ѓоковиќ ги помина последните 53 недели. Нема Македонец помеѓу најдобрите 1000 тенисери на светот.

Осум фудбалери отпуштени со СМС порака

Англискиот третолигаш Престон Норт Енд остана без 14 фудбалери во пресрет на новата сезона. Еден си отиде по само една недела во клубот, петмина беа културно отпуштени, а осум фудбалери беа откачени со една СМС порака.

Нејмар знае и да глуми

Освен што дава голови, бразилската ѕвезда Нејмар покажа дека одлично би се снашол и во дресот на Барселона.

Кобајаши си ги прегази механичарите

Освен со триумфот на Марк Вебер, трката за ГН на Велика Британија во Силверстоун беше одбележана и со инцидентот на Камуи Кобајаши. Јапонецот од Заубер пребрзо влезе во боксот и удри во четворица механичари кои за среќа поминаа без посериозни повреди.

Историска титула и светски број 1 за Федерер

Британија имаше шанса по пауза од 76 години да има свој шампион на 126-то издание на Вимблдон, но Роџер Федерер го совлада Енди Мареј и ја освои својата 17-та Гренд Слем титула која повторно ќе го врати на врвот на АТП листата.

Кличко ја одбрани титулата со нокаут

Украинецот Владимир Кличко продолжува да доминира во тешка категорија во верзиите WBA, IBF, WBO и IBO откако во шестата рунда од мечот во Швајцарија го нокаутираше Американецот Тони Томпсон.