Уште од поодамна се поодамна се претпоставуваше дека Кристијано Роналдо и Лионел Меси ќе бидат во финалниот избор за Златната топка на ФИФА, а непознато беше само името на третиот фудбалер кој конкурираше за признанието за најдобар во светот во 2012-та година.
Помеѓу кандидатите за кои многумина типуваа дека ќе се најдат на таа трета позиција беа Фалкао, Агуеро, Нејмар и Чави, а најголему шанси му се даваа на Андреа Пирло кој со своите одлични игри во 2012-та година му помогна на Јувентус да ја освои титулата во Серија А и беше една од главните алки во успехот на Италија која стига до финалето на Европското првенство.
Сепак Пирло не е помеѓу најдобрите 5. Според неофицијалните информации на Mundo Deportivo, селекторите и капитените на репрезентациите повеќе гласови им дале на Чави кој бил на 4-та и Фалкао кој завршил на 5-та позиција.
Во финалниот избор за најдобар тренер влегоа селекторот на Шпанија, Висенте Дел Боске, поранешниот тренер на Барселона, Пеп Гвардиола и тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, а според информациите на Mundo Deportivo, на 4-та позиција според бројот на гласовите бил поранешниот тренер на Челси, Роберто Ди Матео и селекторот на Италија, Чезаре Прандели.