Потешко од сите очекувања, Металург се намачи со екипата која во досегашната фаза нема освоено ниту еден поен, но сепак на крајот ја прослави 5-та победа по 7 одиграни натпревари и го осигура пласманот помеѓу 16-те најдобри во Европа.
По израмнетата игра на стартот, гостите од Франција со двајца играчи помалку успеаја да дојдат до водство од 9:11, но во последниот напад во првото полуреме Металург дојде до предност од 13:12 со која и се замина на паузата.
Кон средината на второто полувреме Металург конечно се одвои и на +3 разлика (19:16), но по неколку минути гостите повторно се вратија во игра и израмнија на 20:20.
Сепак Металург не дозволи изненадување. Ракометарите на македонскиот шампион бргу се вратија во водство и до крајот константно ја зголемуваа разликата за на крајот да прослават победа од 26:21.
Ова беше последен натпревар за Металург во Лигата на шампиони за оваа година. Следниот натпревар ќе се одигра на 9 февруари кога Металург и гостувањ на екипата на Горење.