Во интервју за GQ магазинот, италијанскиот фудбалер роден во Аргентина, Пабло Даниел Освалдо објасни како тој ќе ја тера правдата ако дознае дека некој негов соиграч наместил натпревар.
„Ако некој мој соиграч продаде натпревар, тогаш јас нема да ги известам надлежните. Тоа што се случува во соблекувалната треба да остане таму. Нема да бидам кодош, но нема ни да го свртам грбот. Ќе го убијам со боксови", изјави Освалдо.