Роналдо, Иниеста и Меси во трка за Златната топка

Трката за Златната топка на ФИФА влезе во финалната фаза. На денешната прес конференција во Сао Паоло, беа соопштени имињата на тројцата фудбалери кои ќе се борат за "Ballon d'Or". Тоа се Кристијано Роналдо, Андрес Иниеста и Лионел Меси.

Минатиот месец беа соопштени имињата на 23 кандидати за најпрестижната годишна награда на ФИФА, а за најдобрите фудбалери гласаа капитените и селекторите на сите репрезентации. Најмногу гласови добија Кристијано Роналдо, Андрес Иниеста и Лионел Меси.

Роналдо го освои признанието во 2008-та година, по следеше три-годишна доминација на Лионел Меси. Иниеста заврши на втората позиција на изборот во 2010-та година.

Кој ја заслужува Златната топка оваа година? Гласајте тука.

Освен тројцата најдобри, на денешната прес конференција беа соопштени и имињата на 55 фудбалери кои влегоа во конкуренција за изборот на најдобар тим во 2012-та година.

Номинирани за најдобри тренери на годината се Висенте Дел Боске, Пеп Гвардиола и Жозе Мурињо.

Во финалето за изборот на Пушкаш наградата за најдобар гол влегоа головите на Радамел Фалкао, Нејмар и Мирослав Стох.

За најдобра фудбалерка во 2012-та година беа номинирани Бразилката Марта, Алекс Морган и Аби Вомбах од САД.

Освојувачите на признанијата ќе бидат прогласени на свеченоста која на 7 јануари ќе се одржи во Цирих.

29 ноември 2012 - 14:24