Раѓањето на интернационалниот фудбал

Аргентина, Уругвај, Австрија, Унгарија, Белгија, Франција, Холандија, Данска, Германија и Шведска го имаа своето интернационално деби во првата декада од 20-от век, но интернационалниот фудбал веќе беше стар 30 години. На денешен ден пред 140 години Шкотска ја пречека Англија.

Британските ривали уште претходно имале одиграно неофицијални натпревари, но тие не привлекувале внимание затоа што шкотскиот тим бил составен само од Шкотланѓани кои живееле во Англија.

Првиот официјален натпревар помеѓу Шкотска и Англија се одиграл на 30 ноември 1872-та година на теренот Хамилтон Кресент во областа Партик во Глазгов пред 4.000 гледачи.

Шкотската репрезентација била составена само од фудбалери на водечкиот клуб Квинс Парк, а за Англичаните играле фудбалери од 9 различни клубови.

И покрај тоа што двете репрезентации играле напаѓачки фудбал и тоа Шкотска играла со формација 2-2-6, а Англија со формација 1-2-7, првиот официјален меѓународен натпревар завршил без голови.

Во 1901-та година е одигран првиот меѓународен натпревар во Јужна Америка помеѓу Аргентина и Уругвај, следната година се сретнале Австрија и Унгаруја, потоа и Белгија и Франција, Италија своето деби го имала во 1910-та година, а првиот меѓународен натпревар Југодлавија го одиграла во 1920-та година.

30 ноември 2012 - 09:13