Offside

Словенскиот ас приреди уште едно незаборавно шоу на паркетот во „Крипто.ком Арената“, предводејќи го Лос Анџелес Лејкерс до спектакуларен пресврт и победа над Портланд Трејл Блејзерс со 124:118.

Меси има проблеми со комшиите

Ѕвездата на Барселона не можел повеќе да ја поднесе гужвата која се создавала околу неговата куќа и проблемот одлучил да го реши со купување на соседната куќа каде често пати се мотале разни фаци.

Бразилска селска лига бетер и од нашата

Сето ова што ќе ви го раскажеме се случи во финале на Куп во аматерска бразилска лига. Најпрвин се создаде гужва која судијата ја расчисти со два црвени картони, од кој вториот си го заработи тренерот. Играчите почнаа да го бркаат главниот судија, а тренерот го грабна за врат. Потоа линискиот судија ни крив ни должен доби камен во тело и мало освежување со вода.

Шведски клуб ќе го награди единствениот навивач

Шведскиот прволигаш Бромапојкарна на гостувањето кај Мјалби во неделата имаше поддршка од само еден навивач кој од поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Бојан Ѓорѓиќ ќе добие наградно патување.

Ди Канио и неговите соработници

Темпераментниот Италијанец кој живее за фудбалот и страствено ги доживува победите, по остварувњето на одличните резултати со Свиндон кој од четвртата успеа да го однесе на челните позиции во третата англиска лига, тимот на соработници си го донесе и во екипата на Сандерленд.

Мекларен Мерцедес одблиску

Замислете свет во кој секојдневно ќе се разминувате со техничарите на Мекларен Мерцедес и ќе имате ексклузивен пристап до болидот. Тоа е возможно со новата кампања на еден од нивните спонзори.

Фудбал, трчање и кондиција во бројки

Ако ја слушнете >> ОВАА << мелодија и адреналинот веќе ви е во крвта како Вие да излагате на свежо косена трева пред преполни трибини, значи си имате пасија и живец за фудбал и со сигурност ќе бидете од оние кој ќе ја прочитаат статијава до крај.

Јапонскиот Болт е најбрз на планетата во 2013

Усеин Болт не е најбрз човек на светот, барем според резултатите во 2013-та година. 17-годишниот Јапонец, Јошихиде Кирју е најмлад спринтер на планетата кој го израмни јуниорскиот светски рекорд.

Кралевите со операција 3:0

Фудбалерите на Жозе Мурињо треба да го одиграат натпреварот на годината и да блеснат во најдоброто можно издание за да ја анулираат високата предност на Борусија од првиот дуел. Пример треба да им биде Депортиво кој во 2004 година го шокираше Милан.

115 милиони евра мито за ФИФА

Германскиот весник „Шпигел" откри дека маркетинг компанијата ISL им поделила мито во висина од 115 милиони евра на високи спортски функционери, помеѓу кои и поранешниот претседател на ФИФА, Жоао Авеланж.

Турско шкорпион голчиште

Многу врвни фудбалери се обиделе да постигнат ваков гол, но на крајот завршиле со лице во земја. Овој пат успешен обид имаше Хуесеин Акоглу од турскиот 3-то лигаш Назиле.

Челси и Реал донесоа пари, Тотенхем разочара

Победите на Челси и Шалке кои беа очекувани, како и мадридското дерби каде се бараа 3 гола се натпреварите кои носеле најмногу пари во обложувалниците на Спортлајф. Обложувачите најмногу ливчиња искинале на ремито на Тотенхем и на неефикасното дерби на „Емирати".

Судијата ги загуби нервите

Обично сме навикнати на сцени каде судиите се главна мета на нервозните играчи како што е на пример и во македонските лиги, но овој пат како тепач се покажа линискиот судија од Русија, Муса Кадуров кој нападна фудбалер на меч помеѓу младинските екипи на Амкард и Терек. Епилогот е доживотна суспензија.

Малерозниот Интер има 15 повредени играчи

Нема крај на проблемите за најмалерозниот тим во Италија. Листата на повредени фудбалери на Интер сега има 15 имиња.

Капитенот не се дава

Од 15 годишно скромно момче кое разнесувало млеко, преку видео касетите на кои Морати се воодушевувал од неговите вештини на теренот, Хавиер Занети ќе биде запаметен како легенда на Интер. И покрај тешката повреда, 39 годишниот лидер на „Нероаѕурите" нема намера да се повлече од фудбалот.

Лошо деби на каширолата

Минатата недела Бразилците го претставија својот официјален инструмент за Светското првенство, а викендов каширолата го имаше и своето неуспешно деби на фудбалски натпревар.

Вака се бодри клубот

Навивачите на Вердер Бремен покажаа како се сака својот клуб и по порази. И покрај тоа што Вердер викендов загуби на гостувањето кај Баер Леверкузен и се најде на само 2 поени над опасната зона за испаѓање, 3.000 навивачи останаа по натпреварот и ги поздравија своите фудбалери.

Човекот кој ги одбил „неталентираните“ Меси и Левандовски

Сигурно сте ги слушнале приказните дека „скаутите" на Вардар ги одбиле Димитар Бербатов и Владимир Југовиќ затоа што не биле доволно добри, но еден човек е посебно неталентиран за одбирање на таленти. Претседателот на Џенова ги одбил Меси и Левандовски.

Мотивациско видео на Реал Мадрид

Главната цел на Мурињо и неговите фудбалери оваа сезона беше освојувањето на Лигата на шампионите, но по шокот кој им го приреди Левандовски, таа задача сега стана многу тешка. За резултатот од 3:0 кој им е потребен утревечер за да го заверат билетот за Лондон, Кралевите снимија видео со пораки во кое ветуваат максимална борба до самиот крај.

Навивачите на Хартлпул ја продолжија традицијата

Без разлика на тоа што нивниот тим испадна и следната сезона ќе се натпреварува во 4-та лига, навивачите на Хартлпул си ја продолжија својата традиција и се маскираа во последното коло.

Најтешката трка на планетата

Некои ги нарекуваат натпреварувачи, а некои нарекуваат лудаци. Тоа се учесниците на маратонот во Сахара - најтешката трка на планетата во која „лудаците" трчаат 250 километри во јужниот дел на Мароко.

22 аматери против 11 професионални фудбалери

Норвежаните смислија интересен фудбалски експеримент во кој спротиставија професионална фудбалска екипа и тим составен од аматери, но на аматерите им дадоа предност. Тие на теренот истрчаа со 22 фудбалери.

Металург ја заврши европската одисеја

Хитот на македонскиот ракомет кој го поправи пласманот од минатата сезона во Лигата на шапионите, немаше сили за сензација и пласман во фајнлфорот. Со убедлив пораз од полски Киелце и во вториот четвртфинален меч од 26:15, ракометарите на Лино Червар ги завршуваат настапите во најелитната ракометна лига.