Лионел Меси не се жалел од гласна музика и журки во соседниот двор, туку од преголема раздвиженост на луѓе кои се мотале околу неговата куќа и ѕиркале во неговата приватност.
Целиот проблем настанал откако соседите на Меси ги зафатило голема финансиска криза, па за да се спасат куќата му ја понудиле на нивниот славен комшија и најдобар фудбалер во светот.
Меси ја одбил понудата, па соседите решиле дел од собите да ги издаваат. Но откако разни ликови имале привилегија да седат под кирија во близина на Меси и кои често ѕиркале во неговиот двор, тој одлучил да крене висок ѕид.
Идејата не му поминала, затоа што се косела со урбанистичкиот план, па така фудбалерот заедно со својот брат Родриго одлучиле да ја купат куќата и да си скратат своите маки, а истовремено да им ја решат кризата на првите комшии.
Напаѓачот на Барса планирал да ја купи и другата куќа која била во близина и да си направи империја од 10 000 метри квадратни. Инаку неговото живеалиште се наоѓа во Кастелдефелс, на 20 км од Барселона.