Јапонскиот спринтер Јошихиде Кирју на митингот во Хирошима истрча 100 метри за 10.01 секунди со што го израмни севетскиот јуниорски рекорд.
Најнадежниот спринтер на планетата истрча со исто време како и Дарел Браун од Тринидат и Тобаго во 2003-та година и стана најмладиот атлетичар во историјата кој истрчал со тоа време.
Ова негово време е за 2 стотинки поспоро од рекордот на Азија кој го постави Нигериецот со Катарски пасош, Самуел Франсис во 2007-та година, и за само 1 стотинка поспоро од рекордот на Јапонија на Који Ито од 1998-та година.
Јошихиде кого го нарекуваат „јапонскиот Болт" воедно стана и сопственик на најбрзото истрчано време на патеката на 100 метри во 2013-та година.