Екипата на Интер која оваа сезона можеби ќе остане и без пласман во Европа, постави уште еден антирекорд. Само оваа сезона во тимот на Интер се евидентирани 48 повреди, а листата беше проширена викендов по натпреварот поразот од 1:0 од Палермо.
На овој натпревар Интер го загуби својот легендарен капитен Хавиер Занети. Аргентинецот кој во август ќе наполни 40 години, ја повреди ахиловата тетива и ќе отсуствува минимум 6 месеци. За време на овој натпревар повреда заработи и Матијас Силвестре и тој ќе биде во аут до крајот на сезоната.
Тоа значи дека Андреа Страмачони не може да смета на Милито, Паласио, Касано, Камбиасо, Нагатомо, Станковиќ, Гаргано, Гуарин, Самуел, Мудингаи, Оби, Мбаје, Кастелаци, Занети и Силвестре.