Челси и Реал донесоа пари, Тотенхем разочара

Победите на Челси и Шалке кои беа очекувани, како и мадридското дерби каде се бараа 3 гола се натпреварите кои носеле најмногу пари во обложувалниците на Спортлајф. Обложувачите најмногу ливчиња искинале на ремито на Тотенхем и на неефикасното дерби на „Емирати".

ПОГОДЕНИ

Челси – Свонси (резултат 2:0) – тип: 1 (коеф. 1.35)
Екипата на Челси беше апсолутен фаворит на дуелот против Свонси кој се наоѓа на средината на табелата без големи мотиви за освојување на бодови. Оскар и Лампард ја завршија работата во последните 2 минути од првото полувреме и им го донесоа очекуваниот кец на обложувачите.

Шалке – Хамбургер (резултат 4:1) – тип: 1 (коеф. 1.70)
Фудбалерите на Шалке немаа лесна задача против тимот на Хамбург кој исто така е во борба за пласман во европските купови, но екипата од „Гелзеркирхен" е редовен патник во Лигата на шампионите, и со висока победа покажа кој е кој на овој меч кој сите го типуваа кец.

Атлетико Мадрид – Реал Мадрид (резултат 1:2) –тип: ГГ & 3+ (коеф. 2.00)
Големото дерби во Мадрид секогаш носи интересен фудбал со многу голови, па очекувано беше повторно најмногу да се типува на голови. Жозе Мурињо кој настапи со комбиниран состав ја покажа доминацијата на Реал во меѓусебните дуели.

Останатите добитни комбинации кои беа најчесто заокружувани овој викенд се и победата на Малага над Гетафе и ефикасниот натпревар помеѓу Реал Сосиедад и Валенсија кој го типуваа ГГ & 3+, а кој заврши 4:2 за домаќините.

ПРОМАШЕНИ

Виган – Тотенхем (резултат 2:2) – тип: 2 (коеф. 2.05)
Тимот од Лондон кој води жестока битка за пласман во Лигата на шампионите ги разочара обложувачите. За триумф на Тотенхем коефициентот беше доста солиден и најчесто типуван, но фудбалерите на Виган се борат за опстанок и имаа водство до 89 минута.

Арсенал – Манчестер Јунајтед (резултат 1:1) – тип: ГГ & 3+ (коеф. 2.10)
Големото дерби на стадионот „Емирати" во Лондон не ги оправда очекувањата на љубителите на обложувањето кои очекуваа повеќе голови. Составот на Фергусон со веќе прославената титула растеретен влезе во овој дуел, а гол повеќе се очекуваше од домаќините на кои им се потребни подоби.

Лион – Сент Етјен (резултат 1:1) – тип: 1 (коеф. 2.40)
Овие две екипи водеа тешка битка за третата позиција на табелата која носи во квалификациите од Лигата на шампионите. Со оглед на реномето на Лион, обложувачите му даваа шанса за победа и го заокружуваа кецот кој нудеше висок коефициент.

Останатите неочекувани киксови за обложувачите беа домашните порази на швајцарските натпревари Базел – Луцерн 0:3 и Грасхоперс – Тун 0:2.


Разгледајте ја и денешната богата понуда од билтенот на Спортлајф обложувалниците.

29 април 2013 - 17:28