Offside

Двајца навивачи на Партизан со сигурност се навивачи на сезоната иако таа штотуку почна.

Судијата го подучи Лескот

Помошниот судија на вчерашниот натпревар помеѓу Арсенал и Манчестер Сити му одржа лекција на одбранбениот играч Лескот како треба да ги почитува навивачите кои платија 62 фунти за да присустуваат на гостувањето на стадионот „Емирати“ во Лондон.

Фудбал со армиска дисциплина

Минатата недела Дин Сандерс го презеде кормилото на Вулверхемптон и веднаш реши да тренира строгост воведувајќи армиска дисциплина за фудбалерите на 18-то пласираниот англиски второлигаш.

Фудбалери во погрешни води

Спортската редакција на британскиот весник „Телеграф“ напрaви топ 10 листа на фудбалери од Премиер лигата кои имале неуспешен обид во музиката. Меѓу нив може да ги видите славните Пол Гаскоњ, Рој Кин, Рајан Гигс, Дејвид Бекам...

Автогол од масерот

Масерот на младинскиот тим на Сантос најверојатно незадоволен од тоа што неговиот тим губеше со 0:7 од ривалот Фламенго, по расправија со судијата влезе на терен и си даде автогол.

Пародија на Златната топка

Каталонската станица TV3 сними пародија со три урнебесни верзии за доделувањето на Златната топка на ФИФА.

Понижување на обезбедувачи

Навивач на германскиот клуб Хамбург на пријателскиот натпревар против Австрија влезе на терен и го понижи целото обезбедување, па мораа да интервенираат дури петмина за да го отстранат.

Џеко не ги заборава другарите од разрушеното маало

Откако постигна гол на натпреварот против Арсенал, Босанецот од редовите на Манчестер Сити со порака на својата маичка си ги поздрави другарите со кои како мал играл фудбал на улиците од разрушеното маало во Сараево.

Македонија продолжува триумфално

Со победа против Катар од 34:30, ракометната репрезентација на Македонија го доби и вториот натпревар на Светското ракометно првенство во Шпанија. Клучен момент за триумфот на избраниците на Шундовски беше фантастичото прво полувреме во кое постигнаа 21 гол.

Кога ѕвездата вреди половина тим

Статистиката поврзана со реализацијата на напаѓачите во однос на головите постигнати на целиот тим покажува занимливи резултати. Познатите фудбалски имиња во голем број од екипите постигнуваат речиси половина од вкупниот број на голови на целиот тим.

Непослушно куче

Рагби играчот Џејсон Товеј со соочи со до сега незабележана "забрана за настап" на еден натпревар. Патувањето со колегите од тимот му го спречи неговото милениче кое му ги изеде страниците од пасошот.

Македонија се изнамачи со аутсајдерот Чиле

Македонската ракометна репрезентација првиот натпревар на Светското првенство во Шпанија го почна со триумф, но со издание далеку под очекувањата. Третото учество на Мундијалите нашите ракометари го отворија со победа против Чиле од 30:28.

Голови на неделата

Погледнете го изборот на TVGOLO од најдобрите 10 голови за изминатите 7 денови.

Шампионот поразен во Барселона

Актуелниот европски кошаркарски шампион, екипата на Олимпијакос чиј член е Перо Антиќ, загуби на гостувањето кај Барселона со 76:68 во третото коло од Топ 16 фазата на Евролигата.

Домаќините се фаворити

Според светските обложувалници ракометната репрезентација на Шпанија е фаворит на светското првенство со најмал коефициент за освојување на шампионатот. Македонија со коефициент од 101 е на 12 место според обложувалниците.

ПСВ заврши во затвор

Азиската турнеја на фудбалерите на ПСВ е навистина за поздрав. Ретко сме сведоци на вакви слики каде фудбалскиот ѕвезди ги посетуваат затворениците, а потоа и ги анимираат играјќи пријателски фудбалски натпревар со нив.

Златните копачки на Меси

Четирите златни години на Лионел Меси „Адидас" му ги изграфира на новите златни копачки, кои најдобриот фудбалер на светот ќе ги облече на неделниот првенствен натпревар против Малага.

Сер Алекс Фергусон is the best

Неуморниот Шкотланѓанец е избран за најдобар тренер во 21 век според Интернационалниот институт за историја и статистика во фудбалот. Предводникот на „Црвените ѓаволи" ги победи Мурињо, Венгер, Капело и Дел Боске.

Чудо од голман

Јунакот на мечот се вика Анџело Кампос кој брани за младинската репрезентацијата на Чиле до 20 години. На турнир во Јужна Америка успеа во една иста акција на уругвајските фудбалери да им одбрани нешто што до сега не му успеало на друг чувар на голот.

 

Свонси урива рекорди во економијата

Истражувањата покажуваат дека учеството на велшкиот клуб во Премиер лигата придонесол голем раст на економијата во градот, околината, но и во целата земја. Тимот приредува големи изненадувања, а пред само два дена го победи европскиот шампион Челси во Лига Купот.

Бо Мекејлеб не успеа ниту во Израел

Во третото коло од најелитниот клупски европски кошаркарски собир екипата на Фенербахче го нанижа третиот пораз во низа во топ 16 фазата од Макаби Тел Авив со резултат 91:73.