Партизан владее со регионалната кошарка

Во завршницата на 12-та сезона од Јадранската кошаркарска лига која за нас ја одбележа премиерниот настап на македонскиот шампион МЗТ Скопје, кошаркарите на Партизан го совладува големиот ривал Црвена Звезда.

Во финалето на фајнал-фор турнирот во Лакташи, Партизан ја победи Црвена Звезда и ја освои шестата титула во АБА лигата.

Кошаркарите на Партизан одлично го започнаа натпреварот и на самиот старт на правија серија од 7:0, но потоа следеше период во кој доминираше Црвена Звезда и до крајот на првата четвртина тие водеа со 14:18.

„Црно-белите" во првото полувреме имаа очајна реализација за 3 поени (1/10), а не направија и ниту еден офанзивен скок, па Црвене Звезда тоа го искористи и на паузата замина со предност од 25:32.

Во вториот дел Партизан ја поправи реализацијата и по 5 минути се вратија во водство (40:38), а по крајот на третиот период водеа со 50:45.

Како се ближеше крајот на натпреварот, така растеа и тензиите на паркетот, па двете екипи го завршија натпреварот без исклучените тренери. Партизан ја одржуваше предноста и на крајот триумфираше со 71:63.

Најефикасни кај Партизан беа Вестерман и Бертанс со по 15 поени, а во поразената екипа се истакна Катиќ со 19 поени. Предраг Самарџиски одигра неполни 2 минути за кои не постигна поени.

27 април 2013 - 22:37