Базел - Челси
-Овие два тима до сега ниту еднаш се немаат сретнато на европските натпревартувања.
-Екипата на Базел е единствената која нема пораз сезонава на домашен терен во Лигата на Европа со скор од 4 победи и 2 нерешени.
-Швајцарскиот шампион нема пораз на последните 4 средби против англиските екипи, и има постигнато минимум по 2 гола во двобојот против Манчестер и Тотенхем.
-Фудбалерите на Базел имаат најлоша дисциплина оваа сезона во Лигата на Европа со 27 жолти и 3 црвени картони.
-Челси само еднаш до сега се сретнал со екипа од Швајцарија, и токму во ова натпреварување во сезоната 2000/2001 кога загуби од Ст.Гален.
-Фернандо Торес има 4 постигнати гола на последните 3 натпревари.
-Актуелниот европски шампион има дури 4 порази на последните 5 меча во Европа.
Фенербахче – Бенфика
-Единствениот дуел на овие две екипи се случи во Лигата на шампионите во 1975 година кога Бенфика загуби на гости со 1:0, но на домашен терен го декласираше турскиот тим со 7:0.
-За Фенербахче ова е прво полуфинале на едно континентално европско натпреварување.
-Составот на Кокаман е единствениот тим без пораз од почетокот на оваа година во Лигата на Европа со 3 победи и 3 нерешени.
-Бенфика оваа сезона има можност повторно да игра финале во својата историја во Амстердам, откако во далечната 1962 година го победи Реал Мадрид во финалето од Лигата на шампионите.
-Португалскиот состав е единствениот тим оваа сезона без пораз во Лигата на Европа.
-Фудбалерот на Бенфика Едуардо Салвио има најмногу настапи во Лигата на Европа, вкупно 31, откако од сезоната 2009/2010 ова натпреварување доби ново име.
-Бенфика заедно со Челси се единствените две екипи кои ги продолжија настапите во ова натпреварување откако претходно беа елиминирани во Лигата на шампионите.