Составот на Валтер Мацари беше апсолутен фаворит против тимот на Пескара кој е пред испаѓање во втората лига. По првиот дел кој заврши без голови, уште во првата минута од второто полувреме Инлер го отвори резултатот, а веќе во 58 минута Горан Пандев одлично се ослободи од својот чувар и од само неколку метри биеше прецизно по земја.
Во 79 минута нашиот репрезентативец излезе од игра, а по две минути играчот од средниот ред Џемаили кој има потекло од Македонија, постигна извонреден погодок од над 20 метри. Со овој триумф Наполитанците се се поблиску до задржувањето на второто место кое директно води во Лигата на шампионите.
Ова е шести гол за Пандев оваа сезона во Серија А, а на последните 6 меча постигна 4 погодоци.