Најсилните пет национални првенства во Европа, Премиер лигата, шпанската Ла Лига, Лига 1 и Серија А имаат по 20 клуба, а само германската Бундес лигата се уште ја сочинуваат 18 клубови. Деметрио Албертини смета дека и италијанското првенство треба да го следи примерот на Германците.
„Мислам дека намалувањето на клубовите во италијанскиот фудбалски шампионат е вистинскиот потег кој треба да го направиме. Со тоа ќе ги намалиме трошоците, но пред се ќе добиеме поспектакуларен фудбал во Серија А. Поголемиот дел од големите клубови би се сложиле со ваквата одлука", вели Албертини.
Инаку Серија А ја сочинуваа 16 клубови од 1967 до 1998 година, потоа лигата беше зголемена со уште 2 клуба и со 18 клубови функционираше се до 2004 година.
Инаку претседателот на Серија А, Маурицио Берета ја поддржа идејата, секој италијански клуб од сега да може во екипата да има по тројца играчи кои доаѓаат од земјите кои не се од Европската Унија, но засега вели Албертини дека не е разговорано за такво нешто, затоа што до Федерацијата не стигнало официјално барање од никого.