ФИФА се соочува со сериозно проблеми во текот на организацијата на Светското првенство кое треба да се одржи следното лето во Бразил, а една од причините е и демократијата во оваа земја. Генералниот секретар на ФИФА тврди дека во Русија каде треба да го организираат Светското првенство во 2018-та година, нема да имаат толку проблеми со претседателот Владимир Путин.
„Ќе кажам нешто што звучи лудо, но помалку демократија некогаш е подобро за организација на Светското првенство. Кога една држава има силен лидер кој може да донесува одлуки, како што е Путин, тогаш сигурно е полесно да се организира првенство отколку во на пример Германија каде треба да се преговара на различни нивоа", изјави Жером Валке.
Со него се согласи и претседателот Сеп Блатер кој бил среќен кога Светското првенство во 1978-та година го организирала Аргентина за време на владеењето на воениот режим.
Блатер ја опиша ФИФА како конзервативна, либерална и социјалистичка организација.
„Ние сме конзервативни како Католиците во поглед на правилата на игра и судиите.
Либерални сме кога тргуваме и кога преговараме за комерцијалните зделки.
А ние сме Маркс и Енгелс кога треба да ги дистрибуираме парите. 70% од приходот го дистрибуираме на националните асоцијации за нивните програми за развој", изјави Блатер.