Offside

Двајца навивачи на Партизан со сигурност се навивачи на сезоната иако таа штотуку почна.

Вложувањата на Јунајтед носат најмногу поени

Познато е дека англиските клубови издвојуваат огромни суми на пари за платите на фудбалерите, особено во таборот на Сити, Јунајтед и Челзи каде некои играчи заработуваат и по 200 илјади фунти неделно. Но колку овие големи трошоци се исплатливи во однос на пласманот на табелата во Премиер лигата.

Папата и спортот

По денешната тазе информација за оставката на Папата Бенедикт 16, која за миг го заобиколи светот, ви претставуваме мини галерија со славни светски спортски имиња кои беа во негова посета. Меѓу нив се Пеле, Федеред, Бекенбауер, Барези, екипите на Интер и Атлетико Мадрид...

Ренџерс ќе му помага на Јувентус против Селтик

Најтрофејниот шкотски клуб, Глазгов Ренџерс во моментов игра во 4-та лига, но се уште му ги замрсува сметките на најголемиот ривал Селтик и му понуди помош на Јувентус пред нивниот дуел во Лигата на шампиони.

Најпознатиот стриптизер конечно ќе се облече

Марк Робертс важи за најпознат "разголувач" на спортските терени кој по многу години занимавање со оваа "дејност" одлучи да се повлече. Во неговото 20 годишно глупирање, тој до сега на јвноста и го покажа телото 519 пати.

Навивачите на Фиорентина го допреа дното

Омразата помеѓу навивачките групи некогаш ги минува сите граници. Таков е случајот со група навивачи на Фиорентина кои ги исмеваа 39-те загинати навивачи на Јувентус при несреќата на стадионот Хејсел во 1985-та година.

Најдолгиот кошаркарски натпревар

Нотр Дам и Лујвил Кардиналс покажаа зошто во „НЦЦА“ лигата во Америка се игра атрактивна и неизвесна кошарка се до последната секунда. Тоа се двете екипи кои викендов го одиграа најдолгиот кошаркарски меч во историјата на Универзитетската лига кој беше решен дури по пет продолженија, а на крајот Нотр Дем славеше со 104:101. Погледнете како тоа на крајот го доживеаа навивачите.

Манчестер Јунајтед ја освои титулата

Според челниците на британската кладилница Paddy Power, екипата на Манчестер Јунајтед веќе има недостижна предност и им исплатија на луѓето кои имале уплатено дека тие ќе ја освојата титулата во Премиер лигата оваа сезона.

Делии и Гробари го прекинаа српското финале

Завршниците на кошаркарските финалиња во регионов не можат да поминат без инциденти. Само неколку часа по инцидентите во грчкото финале, навивачките групи на Црвена Звезда и Партизан се судрија во Крагуевац, по што финалето не го доживеа својот крај.

Нигерија е новиот шампион на Африка

Репрезентацијата на Нигерија го потврди фаворитскиот статус против изненадувањето Буркина Фасо и со минимална победа во финалето го освои Африканскиот куп на нации по пауза од 19 години.

Хаос во финалето на грчкиот куп

Навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос направија хаос на финалето на кошаркарскиот куп на Грција, а колега на Перо Антиќ беше погоден со ракета во главата.

Росицки добро ќе го памети гостувањето во Турција

Гостувањето на Томаш Росицки со репрезентацијата на Чешка во Турција ќе го памети засекогаш не заради победата, туку заради подароците кои ги доби, како и заради принудната посета на тоалет за време на натпреварот.

Навивачи се степаа на стадионот „Кралот Пеле“

Нови сцени на насилство ни пристигнуваат од земјата која следната година ќе биде домаќин на Светското првенство. Овој пат се судрија навивачите на ЦРБ и Санта Круз на стадионот „Кралот Пеле" посветен на најголемата бразилска фудбалска легенда.

Горење му се реваншираше на Металург

Македонскиот ракометен првак со пораз ја почнува 2013 година во најелитното клупско ракометно првенство. На тешкото гостување во Словенија Металург загуби од екипата на Горење со 23:19 во 8 коло од Лигата на шампионите.

Голови на неделата

Погледнете го изборот на TVGOLO за најдобрите 10 голови од изминатите 7 денови. Помеѓу нив се и мајсториите на Лампард, Мата, Џерард, Роналдо...

Тикет на колото

Минатиот викенд нашиот типувач промаши два натпревари по што експресно му го раскинавме договорот и веднаш ангажиравме нов. Ова се неговите предлог типови за викендов:

Контроверзната играчка на Путин

Благодарение на инвестициите на моќните руски олигарси, Зимските Олимписки игри во Сочи 2014 ќе бидат најскапите во историјата. Но најголема контроверзност околу овој голем настан, е што во таа зона живеат етнички малцинства кои се во војна со Русија.

Фалбаџијата Чопра принуден да го избрише Твитер акаунтот

Фудбалерот на Ипсвич, Мајкл Чопра го избриша својот акаунт на Твитер откако беше критикуван за објавената слика од вреќа полна пари.

Најбруталниот фаул

Предупредуваме! Видеото кое што ќе го погледнете во продолжение има вознемирувачка содржина. Ова е најбруталниот фаул во историјата на фудбалот!

УЕФА си ја исправи грешката со цената на влезниците

Претседателот на УЕФА, Мишел Платини призна дека во 2011-та година направиле грешка со превисоките цени на влезниците за финалето на Лигата на шампиони, па за оваа година решија да ги пуштат во продажба со попуст.

Најблескавите моменти на Карагер

Одбранбениот фудбалер на Ливерпул кој вчера го најави своето пензионирање по завршувањето на сезоната, целата своја кариера ја помина на „Енфилд Роуд". Најголемиот негов клупски успех е освојувањето на Лигата на шампионите под водство на Рафа Бенитез во 2005 година.

Првоодделенец стана главен фраер во школо

Директорот на едно основно школо во САД им даде шанса учениците да не доаѓаат на настава во понеделникот по Супер Боул ако еден од тројца ученици погодат кош. Ученици од осмо и седмо одделение промашија во обид за три поени и на ред дојде прво одделение со обид од линијата за слободно фрлање.

Хокеарско репортерска несреќа

Џон Џејнон е пример за репортер кој покажа дека и повреден може слободно да си ја врши својата професија. И покрај незгодниот удар, тој ниту во еден момент не помисли да ја напушти коментаторската позиција.