Навивачите на аргентинскиот Расинг Клуб им наредија на играчите да загубат од Килмес за нивните најголеми ривали Индепендиенте да се доближат поблиску до зоната за испаѓање. Тие оваа нивна „молба" ја испратија преку флаери кои ги поделиле во близината на стадионот.
На флаерот, помеѓу другото, пишува „Фудбалери! Изгубите или скапете во пеколот!"
Екипите на Расинг Клуб и Индепендиенте се големи ривали, а навивачите на Расинг не можат да им простат на Индепендиенте за нивниот пораз од 1983-та година и тоа токму од Килмес по што нивниот тим испадна од лигата. 30 години подоцна, нивните фудбалери имаат шанса за одмазда.