Ронан Ле Кром е 38-годишен голман кој во својата кариера има играно за повеќе француски прволигаши и второлигаши, а последна успешна сезона му беше во 2009/10 кога бранеше за Гренобл.
Потоа тој направи трансфер во Нанси, но цела сезона ја грееше клупата и не заигра ниту една минута, па го напушти клубот на крајот од сезоната. Неколку месеци беше без клуб, за во јануари 2012-та година да потпише за ПСЖ.
Но и во ПСЖ не доби шанса и во широкиот состав тој беше само трет или четврти голман на тимот, се до последното коло од оваа сезона.
Карло Анчелоти реши да го стави на клупата на ПСЖ како резервен голман на гостувањето кај Лориен и по 3 години пауза, Ле Кром конечно влезе во игра во второто полувреме.
Но неговиот настап траеше само 21 минута. Во 81-та минута од натпреварот, 38-годишниот голман го собори противничкиот фудбалер во својот шеснаесетник и заработи црвен картон, а по напуштањето на теренот не можеше да ги сопре солзите.
Прочитајте ги приказните и на другите ликови кои го имаат добиено ова признание.