ПОГОДЕНИ
Борусија Дортмунд – Баерн Минхен (резултат 1:2) - тип: 2 (коеф. 1.80)
Со оглед на "убиствената" форма на фудбалерите на Баерн кои со убедливи 25 бода предност станаа шампиони во Бундес лигата пред Борусија и по лекцијата по фудбал која им ја одржаа на Барселона, во кладилниците никој не се двоумеше дали да вложи пари за победа на Баерн.
Валенсија – Гранада (резултат 1:0) - тип: 1 (коеф. 1.25)
Екипата на Валенсија беше апсолутен фаворти на средбата против Гранада која и покрај поразот остана во првата шпанска лига. Составот од „Местаља" е редовен учесник во Лигата на шампионите, а со овој триумф е многу блиску до зачувување на четвртата позиција.
Лион - Рен (резултат 2:0) - тип: 1 (коеф. 1.30)
Гостувањето на фудбалерите на Рен во последното коло од француското првенство претставуваше само формална прошетка со оглед на позицијата на која се наоѓаат. Лион го оствари планираниот триумф пред своја публика и го освои третото место на табелата.
Останатите натпревари кои беа најзастапени на добитните тикети се победата на Осасуна на домашен терен против Севиља и гостинскиот триумф на Селтик против Хиберниан.
ПРОМАШЕНИ
Рома - Лацио (резултат 0:1) - тип: 1 (коеф. 2.35)
Големите градски ривали за прв во историјата се сретнаа во финалето од Италијанскиот Куп. И двете екипи имаа доста променлива форма во текот на првенството, а кладилниците според коефициентот и даваа блага предност на Рома која на крајот ги разочара обложувачите кои типуваа на нејзина победа.
Гимараеш - Бенфика (резултат 2:1) - тип: 2 (коеф. 1.35)
Финалниот меч во Купот на Португалија беше можеби најголемото изненадување во кладилниците. По губењето на шампионската титула во последното коло од Порто и поразот во последните секунди во финалето од Лигата на Европа од Челси, Бенфика не успеа да ја спаси сезоната и покрај тоа што беше фаворит во овој дуел.
Лил – Сент Етјен (резултат 1:1) - тип: 1 (коеф. 2.00)
Во последното коло од француското првенство ова беше директна битка за четвртата позиција која носи пласман во Лигата на Европа. Кладилничарите решија да му дадат предност на домаќинот кој не успеа да слави.
Недобитни ливчиња овој викенд немаше и поради нерешениот резултат на средбата Ливорно – Бреша на кои сите очекуваа триумф на домаќинот, исто како и на дуелот Сантандер – Гвадалараја кој завшри без голови.
Разгледајте ја и денешната богата понуда од билтенот на Спортлајф обложувалниците.