Спортскиот весник го објави првиот дел од изјавите кои тие ги имаат снимено во разговори со фудбалери, тренери и претседатели на клубови од првата и втората дивизија.
„Игравме против Леванте и тренерот пред почетокот на натпреварот ни рече да се надигруваме и да одиме на гол. Ако постигнеме гол, тие ќе ни израмнат и обратно."
„Ако во 85-та минута резултатот биде израмнет, ние ќе се повлечеме и толку. Сепак тренерот ни рече да не го глумиме цел натпревар затоа што ќе биде смешно. Натпреварот заврши со резултат 0:0", изјавил неименуван фудбалер.
„Се двоумев дали да му дадам шанса на еден играч во тимот затоа што се сомневав дека учествувал во местење. Не можете да им верувате на половина од играчите во тимот", изјавил еден тренер.
„Оваа сезона во Рајо имало контакти со еден фудбалер пред натпреварот со Мајорска, но тој веднаш го известил тренерот и била избегната незгодна ситуација. Рајо Ваљекано ја прикри цела ситуација, а исто би го сторил и јас", биле зборовите на претседател на еден клуб.