Роберто Мартинез кој ќе биде запаметен кај навивачите на Виган како прв тренер кој успеал да им ја донесе најголемата радост во клупската историја, одлучи да си поднесе оставка. Неговото повлекување најверојатно се должи на понудата која пристигнала од Евертон, кој остана без тренер откако Дејвид Мојс го наследи Алекс Фергусон.
„Иако имаше уште една година од неговиот договор, Мартинез одлучи да си замине. Во разговорот ми рече дека не е вистинскиот човек кој ќе го врати Виган во Премиер лигата, а тоа се разбира дека мора да го прифатиме“, изјави претседателот Дејв Вилан.
39 годишниот Шпанец со освојувањето на ФА Купот со кој му обезбеди на клубот настап во Лигата на Европа, не успеа да го спаси од испаѓање. Покрај неговото искуство во Виган, Мартинез две сезони во водеше и тимот на Свонси.