Offside

Словенскиот ас приреди уште едно незаборавно шоу на паркетот во „Крипто.ком Арената“, предводејќи го Лос Анџелес Лејкерс до спектакуларен пресврт и победа над Портланд Трејл Блејзерс со 124:118.

Кире Лазаров повторно во тимот на колото

Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров втора недела по ред е избран во тимот на колото на ракометната Лига на шампиони.

Четири поени за Антиќ во поразот од Мемфис

Перо Антиќ го одигра третиот претсезонски натпревар на кој неговиот тим доживеа нов пораз. Атланта Хокс загуби на домашен терен од Мемфис Гризлис со 82:90.

Динамо Минск му стана редовен пациент на Металург

Победнички викенд за македонските ракометни претставници во елитната Лига на шампиони. По високиот триумф на Вардарци на гости против Тун и екипата на Металург славеше против белорускиот состав Динамо Минск со 34:29 и ја обезбеди третата победа во групата.

Уште еден проектил од Иран

Не е некоја фудбалска земја, но ни отвора работа и ни го полни сајтот со голчишта кои ретко може да се видат и во најсилните европски лиги. Махер во ова коло е Воури Гафоури од тимот на Нафт Техран кој со бомбастичен удар му донесе бод на својот тим на една минута до крајот. Минатиот месец во истиот агол стрелаше Акбар Садеги.

Иниеста повреди играч со дриблинг

Натпреварот помеѓу Осасуна и Барселона ќе остане запаметен по киксот на Каталонците, но и по еден потег на Андрес Иниеста. Фудбалерот на Барселона го повреди противничкиот фудбалер со неговиот препознатлив дриблинг "la croqueta".

Сколс стана тренер на шестолигаш

Пол Сколс отсекогаш бил тивок, па така и овој пат во најголема тајност легендата на Манчестер Јунајтед бил тренер на англискиот шестолигаш Стелибриџ Селтик.

Цедевита му се одмазди на МЗТ

Македонскиот шампион МЗТ доживеа втор пораз во регионалната АБА лига оваа сезона, овој пат од тимот на Цедевита кој е несовладлив со четири триумфи по исто толку кола во регионалната АБА лига. Хрвватите постојано доминираа и на крајот славеа во Загреб со 77:67.

Вардар го згази Тун

Ракометниот шампион на Македонија одржа лесен тренинг во четвртото коло од ракометната Лига на шампиони. Екипата на Вардар го прегази Вакер Тун на гостувањето во Швајцарија со 24:37.

Тикет на колото

Минатата недела имавме добитен тикет на колото и овој викенд ќе ја продолжиме добрата серија со натпреварите од националните првенства.

Бизнис Лига - Осврт на прво коло

На самиот старт на Бизнис Лигата на Македонија можевме да видиме дека ќе имаме доста интересно првенство во коешто ќе биде прикажан квалитетен фудбал.

Голови на неделата

Во изминатиот период паузираа националните првенства, но прекрасни голчишта видовме и на квалификациските натпревари на репрезентациите. Ова се најдобрите 10.

По 37 години ќе пропушти меч на својот омилен клуб

Верноста на еден од најголемите фанови на англискиот третолигаш Вулверхемтон нема да згасне, туку поради свадбата на ќерка му само за момент ќе ја прекине долгата негова традиција која трае речиси четири децении.

Добродојдовте на Типстер

Идејата почна од сите наши маалски муабети кој колку го бивало за кладилница, ама ете не сакал / не можел / не му држело да се покаже. Сега секој за без пари, со 500 кредити што ние му ги даваме, ќе може да се проба и да покаже што знае.

Понуда во порно филм за Асприља

Поранешниот фудбалер на Парма и Њукасл за еднонеделна работа како порно глумец доби понуда од 10.000 долари.

Французите не навиваат за Франција

Фино би било да видиме едно вакво слично истражување и за нашите фудбалери за тоа колку се заложуваат за националниот дрес, што им се вртело во главите во Јагодина и дали имаат повисок рејтинг од политичарите, како што тоа не е случај со француските ѕвезди.

Гол на несакајќи

Фудбалерите на еден грчки нисколигаш го постигнаа најефективниот ненамерен гол со глава кој ќе го видите на фудбалските терени.

Нефер игра

Њујорк Тајмс преку илустрирана приказна им ги објаснува на Американците проблемите на англискиот фудбал со претерано скапите влезници кои ги бркаат вистинските навивачи од стадионите.

Меси најдобар, Диего Коста најефикасен

На околу два месеца од почетокот на првенствата, специјализираниот портал за статистика „whoscored" ги направи најдобрите состави со играчи од најсилните пет лиги кои до сега оствариле највисоки просечни оценки во досегашните натпревари.

Се бара украдената кацига на Нико Розберг

Возачот на Мерцедес е во потргата по својата кацига која непознат лопов ја украл од гаражата каде е сместен неговиот болид.

Кутриот студентски голман

Џордан Скарлет на универзитетски натпревар во САД испрати “бомба“ во манир на голем стрелец по која станаа на нозе сите негови соиграчи од клупата, но доби огромна помош од јадниот чувар на мрежата кој ја направи најлошата можна интервенција.

Режисерот стигна до бараж за Светско првенство

Најголемото изненадување во квалификациите за Светското првенство секако е репрезентацијата на Исланд чиј голман не е ниту професионален играч. Тој работи како режисер и негово најпознато дело е минатогодишниот спот за Евровизија.

Еквадорско голчиште

Јунак на куп мечот во Еквадор помеѓу Депортиво Универзитариа и Депортиво е Кенет Арк со овој решавачки мајсторски лоб удар на кој не ни мрдна голманот.