Питер Абот истовреме слави, но и тагува. По точно 37 години тој е приморан да пропушти натпревар на домашен терен на неговиот омилен клуб Вулверхемтон. Дуелот се игра во сабота против тимот на Ковентри Сити, а истовреме неговата ќерка стапува во брак.
„Мојата прва реакција беше дека нешто можеби ќе се смени, но сега ми е јасно дека додека мојот омилен клуб има натпревар, јас ќе мора да присуствувам на свадбата на мојата ќерка. И двете работи се важни, но морам да пресечам", рече верниот навивач.
Импресивно за него е што е живее во Ипвич кој е оддалечен 225 километри од стадионот на Вулверхемптон, но и покрај тоа тој стигнал до рекордни 1912 натпревари, кои ги проследил во живо почнувајќи од првиот против Тотенхем одигран во 1976 година.
За Питер да пропушни натпревар треба да се случи нешто големо или непредвидливо, како што бил случајот во 1985 година кога не би присутен на гостувањето на неговиот тим против Блекбурн затоа што се расипал возот.
Тој изјави дека свадбата за неговата ќерка ќе претставува голем ден како за неа така и за него, но и го најави неговото присуство во следното коло кога Вулверхемптон го пречекува тимот на Олдам Атлетик.