Типстер е натпреварување во кое со виртуелни кредити ќе може да типувате на натпреварите од најсилните европски натпреварувања и натпреварите на националните тимови. Од време на време, понудата ќе ја размрдаме и со некој натпревар од лиги кои ќе ги немаме во регуларното натпреварување.
Се играат исклучиво сингл натпревари (односно нема тикет) и тоа на конечен исход и број на голови. Коефициентот на натпреварите го земаме од кладилници и бодувањето ќе биде исто како и вистинска игра.
Пример: Арсенал - Челси
Ставаш 5 кредити на нерешено на коефициент 3.
Доколку натпреварот заврши нерешено, заработуваш 10:
5 (влог) х 3 (коефициент) = 15 кредити
15 - 5 (влог) = 10 кредити чиста добивка.
Ако го утнеш типот, ги губиш вложените кредити.
На страна од типувањето, имате пристап до рангирања на играчите на Типстер, статистики за типувањата на секој понуден натпревар, најуспешни типстери, најчесто типувани натпревари и слични информации кои можат да ви се најдат и за на вистинско ливче за кладилница.