По седум одиграни кола во Премиер лигата наголеми оптимисти за одлична сезона може да бидат навивачите на Ливерпил и Арсенал, затоа што овие две екипи изненадија на почетокот и ги делат првите две позиции со по 16 бода.
Арсен Венгер во тимот го има најкорисниот Арон Рамзи кој со 35 клизачи најмногу од сите во првенството и со 4 гола има огромен придонес во тимот и заслужено има просечна оценка од 7,9. Останатите двајца некоги колеги кои заслужено се помеѓу најдобрите 11 се Озил и Жиру.
Второпласираниот тим кој се наоѓа на табелата зад Арсенал поради послабата гол разлика го има Даниел Сториџ кој до сега е најдобар стрелец во Премиер лигата со 6 гола. Во овој состав нема ниту еден играч од Манчестер Јунајтед и Челси кои имаат слаб старт.
Екипата на Рома им го украде шоуто на стартот од сезоната на Јувентус и Наполи кои исто така се непоразени. Но „Џалоросите" го имаат најдобриот старт со максимален учинок од 21 бод, 20 дадени и само еден примен гол.
Жервињо и Бенатија до сега се покажаа како одлични засилувања за тимот предводен од Руди Гарсија и имаат високи оценки, а во најдобриот тим се и староседелците Де Роси и Тоти без кои не може да се замисли играта на Рома.
Во најдобриот тим од изминативе два месеца има место и за играчи од Интер, Наполи и Лацио, а константно добра игра по се изгледа недостасува кај најдобрите фудбалери од Милан и Јувентус кои немаат високи оценки во просек.
Статистиките покажуваат дека владетелот со топката Лионел Меси и оваа сезона продолжува во ист стил и досега има највисока оценка во конкуренција на играчи од најсилните пет европски лиги. Барселона има 8 победи на 8 натпревари, а дел од најзаслужните за тоа се уште четворица играчи со константно добра игра.
Во чекор со нив не е „Кралскиот тим", туку другата екипа од Мадрид која предводена од Симеоне е на втората позиција на табелата само поради гол разликата. Фалкао си замина, но новата машина за голови е Бразилецот Диего Коста кој моментално е најдобар стрелец во овие првенства со 10 гола на 8 меча.
Европскиот шампион ја нема истата ефикаснот од минатата сезона кога во овој дел од првенството имаше 26 постигнати гола за разлика од сегашните 15. Но Баварците се единствената екипата без пораз во Бундес лигата, а фантастичниот просечен посед на топка од 71% кој го остварува составот на Гвардила покажува зошто Рибери има осенка 8,2.
Во врат му дишат две екипи со само еден бод помалку на табелата, а тоа се Борусија Дортмунд и Баер Леверкузен кои заедно имаат петмина играчи во најдобриот состав. Четвртопласираната екипа Борусија Менхенгладбах го има Рафаел со највисока оценка во Бундес лигата.
Екипата на Рејмс ниту прима, ниту дава голови. На 9 меча има само 7 дадени и 6 примени гола со до сега најдолга серија до 6 нерешени средби во низа во Европа. Најзаслужен за малку примените голови е голманот Коси Агаса кој има највисока оценка во франскускиот шампионат.
ПСЖ и Монако имаат ист број на бодови и немаат ниту еден пораз, но имаат малку играчи со високи оценки во досегашниот дел од сезоната. Најдобар стрелец во првенството е Фалкао со 7 гола, но изненадувачки го нема во нападот кој е предводен од Лакацете и Ибрахимовиќ.
Од составот на повратникот во првата лига најдобро ценети се играчите од бековски позиции Фабињо и Курзава.