Запознајте го Ханес Тор Халдорсон. Тој е еден од најзаслужните за историскиот пласман на Исланд во баражот за Светското првенство. Халдорсон е голманот на репрезентацијата која на извлекувањето беше во последниот шести барабан, а на крајот заврши на втората позиција во групата Е.
Тој е член на клубот КР Рејквавик односно брани во исландската прва лига која е полу-професионална. Фудбалерите од домашното првенство на Исланд заработуваат мали пари, па мораат да работат и нешто друго надвор од фудбалот.
Така нашиот јунак наместо два пати како сите професионални фудбалери, на тренинг оди само еднаш дневно, а по тренинзите работи како режисер. И тоа не е некој обичен режисер, туку Ханес Тор Халдорсон важи за еден од најдобрите во Исланд.
Неодамна тој ја режираше оваа реклама во која учествуваат машкиот и женскиот национален тим:
А негово најпознато дело е спотот на Исланд за Евровизија во 2012-та година: