Се бара украдената кацига на Нико Розберг

Возачот на Мерцедес е во потргата по својата кацига која непознат лопов ја украл од гаражата каде е сместен неговиот болид.

Нико Розберг објавил две фотографии од неговиот болид кој е сместен во гаражата на Мерцедес и на кои се гледа како непознат човек провалува и му ја краде кацигата. Тој се обрати преку Твитер од каде бара помош или евентуална информација за неговата украдена кацига.

„Кацигата ми е украдена од обезбедената гаража на екипата од Нирбургринг во недела наутро во 1:51 часот. Погледнете ја сликата со крадецот и известете ме доколку ја видите. До сега не сум подарил на никого оргинална кацига која сум ја користел на трки.“, напиша Розберг.

18 октомври 2013 - 11:46