Кире Лазаров беше еден од најдобрите играчи на европското ракометно дерби и повторно заслужи да биде именуван за најдобар десен бек оваа недела. Барселона славеше на гостувањето кај ПСЖ со 29:33 во дербито на колото, а Лазаров на овој натпревар постигна 6 погодоци.
Тимот на колот го сочинуваат:
Голман – Мирко Алиловиќ (Веспрем)
Лево крило: Иван Нинчевиќ (Динамо Минск)
Лев бек: Рафаел Да Коста Капоте (Ла Риоха)
Среден бек: Стас Скубе (Горење)
Десен бек: Кирил Лазаров (Барселона)
Десно крило: Иван Чупиќ (Киелце)
Пикер: Тиаго Роча (Порто)
Минатото коло Лазаров беше избран во најдобриот тим откако тој беше најзаслужен за високиот триумф на Барселона над македонскиот вицешампион Металург со вкупно 9 гола.