Колумбискиот напаѓач Асприља кој минатата недела замина во Италија за да учестувува на прославата од 100 годишнината на Парма доби понуда за улога во порно филм од познатата колумбиска продукција Санта Латина.
„Драг Асприља твојата кариера и твоите успеси те направија национална икона. Сигурни сме дека со малку тренинг можеш да го покажеш талентот и во оваа област за која Колимбијците сметаат дека го имаш", стои во понудата до него.
За еднонеделната работа Асприља доби понуда од 10.000 долари, но тој ја одби и се пошегува дека најапсурдната понуда која ја добил е онаа за брак од некој Колумбиец.
43 годишниот Асприља можеби го преценија со понудата да влезе во порно индустијата. Пред шест години тој прифати да се слика пиштол гол за насловната страна на списанието Сохо, но сумата која ја заработи не ни е позната.