Популарните француски репрезентативци по се изгледа дека дома џабе “глумат“ големи ѕвезди. И покрај тоа што имааат многу пари, коли, жени и ја претставуваат својата земја преку фудбалот, тие немаа сè, како на пример рејтингот пред својот народ.
Угледниот дневен весник „Le Parisien" објави истражување според кое дури 82% од Французите имаат негативно мислење за фудбалерите на репрезентацијата, а 54% се песимисти дека ќе остварат пласман на Светското првенство во Бразил.
Анкетираните сметаат дека однесувањето и карактерот на некои поединци во репрезентацијата се клучни за нивниот слаб рејтинг, 85% од нив сметаат дека тие се глупави, 73% сметаат дека се груби, 84% одговориле дека се индивидуалисти, а со највисок процент дури 86% рекле дека се преплатени.
Истражувањата покажале дека ѕвездите од калибарот на Рибери, Бензема и Насри имаат помал рејтинг дури и од најнепопуларните политичари во Франција како на пример од поранешниот контроверзен Претседател Никола Саркози.
Сето ова се должи на лошата слика која француската репрезентација ја остави на претходниот Мундијал во Јужна Африка кога играчите ги бојкотираа тренинзите, селекторот Донемеш и Николас Ањелка имаа жестоки расправии, а Франција беше елиминирана уште во првата фаза.
Во една ваква патетична ситуација во која се наоѓа македонскиот фудбал, добро би им дошло и на нашите фудбалери да го чујат мислењето на нашата јавност за нив, но и за работата на Фудбалската федерација.