Кога за екипи како Севиља, Тотенхем или Фиорентина кои не се од врвот, ама не се ни далеку од него, некои велат дека им се симпатични, има зошто го велат тоа. Во оваа акција на Севиља која ја декласираше Малага со 4:1 има и повеќе од симпатичност. Позајмениот Насри од Сити даде топка со очи со која на елегантен начин го прескокна средниот ред, а потоа триаголникот заврши успешно како на Сони.