Пас на сезоната во Шпанија

Кога за екипи како Севиља, Тотенхем или Фиорентина кои не се од врвот, ама не се ни далеку од него, некои велат дека им се симпатични, има зошто го велат тоа. Во оваа акција на Севиља која ја декласираше Малага со 4:1 има и повеќе од симпатичност. Позајмениот Насри од Сити даде топка со очи со која на елегантен начин го прескокна средниот ред, а потоа триаголникот заврши успешно како на Сони.

Ете во ова е убавината на една Севиља која три сезони по ред владее во Лига Европа.

19 декември 2016 - 15:52