Карлос Тевез
Аргентинецот е роден победник, но и самиот однапред си знаеше дека нема да биде повикан во репрезентацијата, па си резервираше карти за Дизниленд.
Тевез беше еден од клучните фудбалери на Јувентус, но не е во најдобри односи со селекторот на Аргентина кој и онака има огромен избор во навалната линија.
Самир Насри
Насри имаше добра сезона со клубот, но неговото однесување го чинеше место во авионот на Франција. Селекторот Дидие Дешамп не сакаше дури ни да разговара со „лошото момче", а неговото изоставување го оцени како позитивна работа за колективната хармонија.
Иско
Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид не се најде на списокот на Шпанија за Светското првенство во Бразил. На поранешниот член на Малага му беше потребно време да се привикне на Сантјаго Бернабеу, но го докажа својот квалитет секогаш кога добиваше шанса од Карло Анчелоти.
Иско е фудбалер кој ќе биде носител на играта на Шпанија, но на некои следни големи натпреварувања. Во овој момент тој е жртва на изобилството од офанзивни фудбалери од средниот ред од кои требаше да избира Висенте дел Боске.
Ешли Кол
Искусниот дефанзивец соопшти дека се повлекува од репрезентацијата откако селекторот на Англија го изостави од списокот за Бразил. Кол не се изнаигра премногу оваа сезона во Челси што го чинеше место во репрезентацијата и давањето на шанса на помладите е исправна одлука на селекторот Хоџсон.
Филипе Кутињо
Сколари имаше најголем избор, а со тоа и најголеми главоболки при составувањето на неговиот список. Еден од „отпишаните" е фудбалерот од средниот ред на Ливерпул, Филипе Кутињо кој имаше добра сезона во Англија, но ќе треба да почека за да се докаже и на глобално ниво.