Или Карлос Тевез е фантастичен играч кој носи титули, или пак тој секогаш се наоѓа на вистинското место во вистинско време. Со исклучок на неговиот престој во Вест Хем, Тевез освојувал титули со секој клуб каде играл.
Првата му е од Аргентина во 2003-та година со неговиот матичен клуб Бока Јуниорс. Потоа тој се пресели во Бразил каде ја освои титулата со Коринтијанс во 2005-та година.
Следеше трансферот во Вест Хем од каде што премина во Манчестер Јунатед и освои две титули (2008 и 2009). Во Премиер лигата освои уште една титула и тоа со градскиот ривал Манчестер Сити.
Последната ја освои изминатиот викенд во италијанската Серија А со екипата на Јувентус.
Карлос Тевез сега има освоено титули со пет клубови во четири држави. Пред него на листата на фудбалери со титули од различни држави е Матеја Кежман кој бил шампион со Партизан, ПСВ, Челси, Фенербахче и БАТЕ Борисов.
Титули во четири различни држави имаат освоено и Робен, Ван Бомел, Снајдер, Ривалдо, Деко, Ибрахимовиќ, Бекам и Максвел.