Во шпанското финале на Лигата на шампиони меѓу Атлетико Мадрид и Реал Мадрид и во ибериското финале на Лига Европа меѓу Бенфика и Севиља ќе играат вкупно 31 играч кои се производ на шпанските фудбалски академии.
Шпанските академии произведоа 31 финалист и уште многу други шампиони. Викендов Наполи го освои Купот на Италија со тројца Шпанци (Албиол, Каљехон и Реина), а нивните ривали Фиорентина играа со двајца Шпанци (Хоакин и Валеро). Италијанскиот шампион Јувентус во својот тим го има Љоренте.
Баерн Минхен ја освои Бундеслигата со шпански тренер (Гвардиола) и двајца играчи од Шпанија (Мартинез и Алкантара).
Манчестер Сити кој е најблиску до титулата во Премиер лигата е предводен од двајца шпански директори (Чиги Бегиристан и Феран Сориано) и има четворица играчи од оваа земја (Негредо, Гарсија, Навас и Силва). Ливерпул има тројца Шпанци во тимот (Алберто, Енрике и Аспас), а нивниот тренер Брендан Роџерс го учеше својот тренерски занает во Шпанија.
Единствениот гол за Челси во полуфиналето од Лигата на шампиони го постигна Шпанецот Фернандо Торес по асистенција на неговиот сонародник Аспиликуета. Четврто-пласираниот Арсенал има тројца Шпанци во тимот (Артета, Мореал и Казорла), а петтиот Евертон има шпански тренер, Роберто Мартинез.
ПСЖ е единствениот водечки тим од петте најсилни европски лиги кои во својот тим немаат Шпанци, но шпанското влијание е раширено и под петката.
Ајакс ја освои титулата во Холандија со шпански фудбалер и тренер кој играл и студирал во Шпанија, а Бенфика стана шампион на Португалија со шпанско-бразилската ѕвезда Родриго.
Грчкиот шампион Олимпијакос има четири Шпанци во тимот, белгискиот Клуб Бриж го имаат Васкез, а Каталонецот Џонатан Соријано е лидер на австрискиот шампион Салцбург. Лидерот во кипарското првенство, АЕЛ Лимасол има двајца Шпанци, а во оваа лига има екипи и со по осум шпански фудбалери. Макаби Тел Авив ја освои втората титула во серија во Израел со спортски директор што себеси се смета за Шпанец (Жорди Кројф) и двајца шпански фудбалери.
Првиот и единствен Шпанец кој има играно во македонската лига, Хорхе Хименез минатата година стана шампион со Вардар, а откако тој си замина, најтрофејниот македонски клуб ја загуби титулата.