Таг: иско

Иско ама се отвори на дриблинг

Жирона го совлада Бетис 3:2 со гол во 92-ра минута, ама погледнете го вие Иско како им играше диско и тоа на тројца.

Асистенцијата на сезоната е резервирана за Иско

Бетис очекувано го збриша Арис Лимасол со 4:1 во ЛЕ и сега погледнете убаво како ја запечатија победата во 94-та минута. Бековска до Иско, па магија од пас до Абде Езалзули и тука завршува акцијата со две додавања.

Ама им легна на Иско и Ракитиќ

Убави голови паднаа викендов во Шпанија. За сега трите задолжителни кои ги детектиравме се прво оној на Белингем, а потоа и на Ракитиќ и Иско.

Сте го виделе ли првиот гол на Иско за Валенсија?

Плејмејкерот на Реал Мадрид, кариерата ја почна во Валенсија во 2010-та и уште кога ја почнал, се видело какво дете доаѓа на шпанската фудбалска сцена. Тука има 18 години. Ги изора како бавча.

Иско на тренинг

Дечкото просто се потпишува со топката. Нема финта што не ја знае или фора на која можеш да му ја земеш. Мајстор.

Реал и Шпанија со Иско сте во сигурни раце

Иако времето на Чави истече, Иниеста има 33 години, а Фабрегас 30, фудбалската репрезентација на Шпанија нема зошто да се грижи. Новиот мозок во среден ред, кој се повеќе зрее и воодушевува со своите игри е 25 годишниот Иско. Овие негови потези од синоќешното Ел Класико станаа редовност.

Ангеловски: Елиф Елмас е бисер на мак-фудбалот

„Многу се нервирам кога мојата екипа се плаши да игра фудбал“, изјави селекторот на Македонија и призна дека и покрај големината на противникот, нашите играчи го донеле резултатот пред егал.

Како Иско на една навивачка ѝ кажа те сакам

Иско беше двоен стрелец на гостинскиот триумф на Реал Мадрид над Спортинг Хихон изминатиов викенд, а славјето на еден од головите го искористи за едно ветување кое му го побара 8 годишно девојче за нејзината мајка. Шпанецот со овој потег ги купи навивачите за цел живот.

Ди Марија го истегна Иско

До пред извесно време беа во ист клуб но Иско ништо не научил од Анхел Ди Марија кој си поигра со шпанскиот репрезентативец.

Ун, дос, трес во Реал Мадрид

Фудбалерите на Реал одлично ја играат пред-сезоната каде веќе ги добија Ман. Сити 4-1 и Интер 3-0. За триумфот против Интер, Бенитез им дал слободно, па во базен се брчкаа и жонглираа Серхио Рамос, Начо и Иско.

100 секунди со мaлиот Иско

22 годишниот Иско беше прогласен за играч на мечот минатиот викенд против Елче, а пофални зборови за играта доби и од Икер Касиљас. Шпанскиот весник АС објави видеo каде фудбалерот на Реал Мадрид својот талент го покажува на 10 години. До сега во кариерата нема загубено меч кога ќе постигне гол.

Рафа Надал го носи чудото од дете во Реал Мадрид

Најновиот фудбалски бисер доаѓа од Мајорка, а на Сантијаго Бернабеу го сметаат за фудбалер на долги патишта. Поради забраната за трансфери, Барселона не можеше да го ангажира Марко Асенсо летово, а Реал ги претрка Челси, Арсенал и Манчестер Јунајтед.

Кој ќе фали на Светското првенство

Селекторските одлуки секогаш се повод за дебати, посебно ако се работи за списоците на фудбалери кои ќе настапат на Светското првенство. Ова се неколкуте фудбалери за кои селекторите одлучија дека ќе го гледаат првенството на ТВ.

Повлекувањето на дресот на Иско е глупав потег

Немаме намера да го троламе младото талентирано момче од Шпанија кое пред неколку дена стигна до европската титула со селекцијата до 21 година, а ниту да му оспориме неговите квалитети. Но очигледно е дека управата на Малага не се разбира во некои работи.

Кои се новите ѕвезди на европскиот фудбал?

Што имаат заедничко Мата, Хунтелар, Лампард, Чех, Пирло, Канаваро, Фиго, Шукер...? Тоа се само дел од фудбалерите кои се истакнаа на Европските првенства за играчи до 21 година, а денес во Израел започнува 19-то издание на натпреварувањето од кое ќе ги добиеме нивните наследници.

Златното момче на Европа - Иско

Франциско Роман Аларкон Суарез, или на кратко Иско од Малага оди по стапките на Руни, Меси, Фабрегас, Агуеро... Тој ја освои наградата „Златно момче" која италијанскиот весник Тутоспорт му ја доделува на најдобриот млад фудбалер во Европа.