По јубилеен 10-ти пат весникот Тутоспорт ја додели наградата за најдобар фудбалер во Европа до 21 година. Во минатото оваа награда им припадна на Ван дер Вард, Руни, Меси, Фабрегас, Агуеро, Андерсон, Пато, Балотели и Геце, а оваа година тоа е 20-годишниот Иско од Малага.
За наградата беа номинирани 39 фудбалери, а во потесна конкуренција влегоа Иско, Стефан Ел Шарави од Милан и голманот на Атлетико Мадрид, Тибо Куртоа.
По гласањето на 30 новинари од 20 европски земји, наградата му припадна на Иско кој освои 137 поени, пред Ел Шарави со 125 и Куртоа со 116 поени.
Младиот офанзивен фудбалер од средниот ред до минатата година настапуваше за Б тимот на Валенсија во шпанската 4-та лига, а за првиот тим одигра само 4 натпревари. Тој направи вистински бум по трансферот во Малага за 6 милиони евра, а заработи и повик во репрезентацијата на Шпанија.